Општина Гази Баба доделува по 3.000 денари за секое прваче

y.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски во објава на својата официјална страна на фејсбук, информира дека општина Гази Баба доделува 3000 денари за секое прваче.


„Доделуваме 3000 денари за секое прваче. Општина Гази Баба ја реализира мерката за доделување на еднократна финансиска поддршка од 3000 денари за секое семејство кое ќе има запишано прваче. Во услови на економска криза и сериозна инфлација како локална самоуправа преку доделување на директна финансиска помош даваме поддршка на семејствата кои имаат запишано прваче. Оваа мерка во учебната 2023/2024 година се реализира по втор пат и доаѓа како исполнето ветување од мојата програма за градоначалник на општина Гази Баба“, напиша Стефковски.

Тој ги повикува сите семејства од територија на општина Гази Баба кои имаат првоодделенче да ја искористат можноста и да поднесат барање за исплата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK