­

Општина Аеродром ги тресе угостителските објекти, ќе ги проверува и зградите


Хаос-во-Аеродром-предизвикал-сообраќајка-па-тешко-натепал-жена-–.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инспекциските служби на Општина Аеродром во текот на минатата недела извршиле контроли на околу 100 угостителски објекти кои работат на територијата на општината.


Општината денеска информира дека во тек е обработка на податоците собрани од терен и се изготвува анализа за состојбата со исполнувањето на законските одредби и подготвеноста на објектите за вршење угостителска дејност.

– Исто така, Општина Аеродром веќе изготви план за контрола на хидрантските мрежи во станбените згради, за пристапите, како и за излезите од објектите за колективно домување и од понеделник, во соработка со куќните совети и со управителите на станбените објекти, ќе започне инспекција за состојбата во зградите, соопшти Општината.

В. д. градоначалникот Дејан Митески во вторникот, на 18 март, испратил барање до сите основни училишта и градинки „во најкус можен рок да достават одговори за состојбата со хидрантските мрежи во објектите, како и за ажурирањето на апаратите за гасење пожар“.

– Потребно е да достават и елаборати за противпожарна заштита, како и планови за евакуација. Општина Аеродром прави сѐ што е во нејзина надлежност за зачувување на безбедноста на граѓаните и обезбедување на сите услови за непречено одвивање на секојдневието, како на физичките, така и на правните лица, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK