ОМД се сретна со новата влада на Македонија пред НАТО Самитот

450335962_1080273256787933_6349126247608900271_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечката организација на Македонците надвор од татковината, оствари средба со новите македонски владини претставници во Вашингтон, САД.


Претседавачот на Бордот на ОМД Арги Н. Белио, ко-основачот и почесен Претседател Методија А. Колоски, Филип Јотевски, член на Бордот и членовите на Советодавниот одбор Џим Павле и Стојан Трајков, присуствуваа на средбата на седми јули со премиерот на Република Македонија, Христјан Мицкоски, министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, министерот за одбрана Владо Мисајловски, и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

ОМД истакна дека единствената цел на дијаспората е да ја види Македонија како просперитетна и развиена нација. Организацијата е посветена на градење посилни мостови, и зајакнување на односите помеѓу Македонија, нејзините институции, и дијаспората.

„ОМД останува непоколеблива во својата мисија да ги застапува интересите на Македонија и нејзиниот народ, насекаде во светот. Оваа средба означува значаен чекор напред во зајакнувањето на врската помеѓу Македонија и нејзината дијаспора, отворајќи пат за посветла иднина за земјата“, се наведува во соопштението на Обединетата Македонска Дијаспора.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK