„Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“: Министерството за здравство со капмања за подигнување на свеста за откривање на рак на дојка

mkd-316317.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за здравство почна национална кампања под мотото „Октомвриски розов караван – превенцијата е најдобра заштита“, со цел подигнување на свесноста за рано откривање рак на дојка.


Во рамки на кампањата, се повикуваат граѓаните во сабота (19.10.) од 12 до 16 часот и на 26 октомври од 13 часот во „Скопје Сити Мол”, каде ќе биде поставен информативен штанд и ќе имаат можност да се информираат за тековните активности за превенција и лекување на ракот на дојка.

На 26 октомври во 13:00 часот ќе се одржи централна трибина во „Синеплекс“, „Скопје Сити Мол“, каде панелисти ќе бидат членови на националната комисија за скрининг на рак на дојка.

Кампањата се спроведува со поддршка од СЗО, УНФПА, град Скопје, Здружение за помош и поддршка на пациенти со гинеколошки заболувања „Фемина М“, Националната опера и балет, Факултетот за музичка уметност-Скопје и општествено одговорните компании „Скопје Сити Мол” и „Синеплекс”, соопшти министерството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK