­

Околу 70 проценти од пациентите се лекуваат надвор, како Влада ќе направиме се што можеме за да спасиме човечки живот, кажа Мицкоски


18032025-Mickoski-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секој кој бил во, или во близина на ужасниот настан да се јави на лекар и да побара консултација без разлика дали чувствува некои копликации, нема тука пркосење ако сакаме да нема други ефекти кои би следеле понатаму, замоли премиерот Христијан Мицкоски при посетата на повредените пациенти од пожарот во Кочани кои се сместени во болницата ГОБ „8 Септември“ во Скопје.


Како Влада правиме се што можеме и ќе продолжиме, за да спасиме човечки живот.

Најави седница на влада на која ќе биде потврдена одлуката, Владата да ги покрие трошоците на два члена на семејство за да се упатата таму каде што се згрижени пациентите.

„Голема благодарност до лекарите, до медицинските тимови коишто вложуваат натчовечки напори и во првите моменти од ужасната трагедија да спасат човечки животи, во процесот на транспорт, голем дел, повеќе од 70-80 пациенти се надвор од државата така што денеска и министерот за надворешни работи и надворешна трговија и министерот за здравство се наоѓаат во Солун, и од таму одат во Софија да ги посетат дел од згрижените пациенти. За час и половина имаме седница на Владата, ќе ја потврдиме одлуката да ги покриеме трошоците на 2 члена од семејството за да појдат онаму каде што се згрижени пациентите и превоз и сместување.

Се слушаме со голем број европски и светски лидери, помошта стига од сите страни, а јас сум благодарен на соседите и сите останати“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK