„Одиме до Прохор Пчински да се помолиме дека сме живи“: на српски туристи им се запали возилото кај Гевгелија

2-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Семејство од Србија вчера поминало низ вистински пекол кога нивниот автомобил се запалил на македонските патишта додека се враќале дома, по одморот во Грција.


Тие велат декај и покрај тоа што гаселе со два противпожарни апарти нивниот автомобил изгорел за 2 минути.

„Нашиот автомобил изгоре кај Гевгелија од правец на Евзони кон Србија. Испразнив два против пожарни уреди. И луѓе застанаа да помогнат, но немаше цел. Добро сме. Автомобилот беше сервисиран пред патувањето, одржуван, се е исправно. Немам поим што се случи, за 2 минути се изгоре. Битно е дека сме ок.” велат од семејството.

Како што велат, утре се враќаат во Белград, но пред тоа ќе го посетат манастирот Прохор Пчињски за да му се заблагодарат на Бога што се живи и здрави.

„Мојот сопруг претходно резервира соба во Велес. Зедов „помош на пат“, така да луѓе ни помогнаа и не однесоа до хотелот. Во среда доаѓа пријател да не земе, па вечерта сме во Белград. Сè уште сум во шок. Не поради автомобилот, туку поради тоа што можеше да се случи. Имам слика во мојата глава кога маж ми ги вадеше работите и кога пожарот се прошири низ шумата. Не знаев ни каде да застанам. Верувајте ми, целосно проверивме сè пред патувањето. Не знаеме што е во прашање. Се наоѓаме во хотел во Македонија. Во среда ни доаѓа другарка, па ќе застанеме кај манастирот Прохор Пчињски. Се чувствуваме благодарни и имаме потреба да се помолиме дека останавме живи“, изјавила Јелена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK