Одзивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

dashtevski-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто.


Како што соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, засега најголема е излезноста во Новаци, каде гласале 67,19 отсто, а најмала во Пласница – 15,5 отсто.

Засклучокот е дека гласањето се одвива мирно.

Во споредба со првиот круг од претседателските избори во 2019 година, до 17 часот, излезноста е поголема за околу 9 отсто.

Досега до ДИК се доставени 308 приговори, од кои 85 се усвоени, 27 отфрлени како нецелосни, а 38 се одбиени. Останатите се во процес на обработка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK