Oд понеделник ќе се наплаќа паркинг во „Ист Гејт Мол“ – објавено колку ќе чини

Oд-понеделник-ќе-се-наплаќа-паркинг-во-„Ист-Гејт-Мол.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Почнувајќи од понеделник, 9 октомври, трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ воведува систем за наплата на паркингот по речиси две години откако се отвори трговскиот центар.


Првиот час е бесплатен, а потоа следните 2 часа чинат 30 денари. По изминатите 3 часа, паркингот ќе чини 20 денари секој започнат час.

„Иако се менува режимот на паркингот, цената е пониска од просечната цена на паркингот во главниот град. Во трговскиот центар се поставени неколку апарати за наплата и тоа на следните локации: Ниво – 2, излез кон паркинг, на паркоматите поставени пред продавницата Крусел (југ) и Кар бокс (север), на Ниво – 1 излез кон паркинг, на паркоматите поставени кај продавниците Нептун (југ) и 5Центар (север)“, велат од Трговскиот центар.

На паркоматите може да се плати со банкноти, но и со дебитни и кредитни картички“, велат од Трговскиот центар.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK