„Од ДУИ плачат зошто е укината функцијата економски директор“: Таравари за реакциите на ДУИ

taravari1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Функцијата економски директор е сосема непотребна позиција со која ДУИ ги „честеше“ своите луѓе. Сега ДУИ и замерува на Владата што ќе ги укине и што штеди пари на граѓаните, а и ги раскинува коруптивните врски изградени од ДУИ, пишува министерот за здравство Арбен Tаравари откако пратениците на Европскиот фронт на прес конференција во Собранието го обвинија дека врши психолошки притисок врз директорите на Клинички центар сами да си дадат оставки.


Од ДУИ реагираат и „плачат“ зошто е укината функцијата економски директор во Министерството за здравство, но треба да знаат дека на оваа партија и требаат две работи, вели министерот Таравари.

„На ДУИ и треба добар тим на адвокати да се брани од обвиненијата што ѝ се подготвуваат и да сфати дека барем сега кога е во опозиција мора да го смени нејзиниот коруптивен менталитет“, пишува Таравари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK