Министерството за внатрешни работи информира дека за граѓаните на Скопје започнува со нов начин на издавање на лични карти.
„Анализата на успешноста на доставата на лични карти на домашна адреса на граѓаните на територија на град Скопје, доведе до заклучок дека постапката е нецелосна, несеопфатна и недоволно ефикасна, а истовремено го нема посакуваниот ефект и кај граѓаните и кај полициските службеници кои беа задолжени за достава“, велат од МВР.
„Затоа, од понеделник, 11.03.2024 година започнува нов процес за издавање на лични карти во просториите на месно надлежните полициските станици според место на живеење на граѓанинот наведено во личната карта. Секој граѓанин, ќе може да пристапи во било кој период од денот, секој ден од неделата, со цел да си ја подигне готовата лична карта“, се додава во соопштението на МВР.