Oд денеска девет нови лекови на позитивната листа, според Владата ова проширување на позитивната листа е само почеток

lekovi-apteki.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За само 2 месеци од мандатот, Владата, Министерството за здравство и ФЗО ја проширија позитивната листа на лекови. По една деценија, од денеска граѓаните ќе можат да ги земаат новите лекови на позитивната листа од аптеките, посочуваат од Владата.


„На листата се додадоа девет нови генерици, односно 87 лекови во различни имиња, форми, јачина и пакување и тоа за крвен притисок, срцеви заболувања, анти-агреганси, лекови за третман на депресија и за деменција. Последното проширување на позитивната листа беше во 2009 години и во 2014 кога се додал само еден лек. Но, од денеска таа е проширена за 9 нови лекови“, дополнуваат оттаму.

Според нив, со ова проширување од 9 нови лекови, значително ќе се намали бројот на пациенти кои приватно плаќаа за лекови.

„Воедно, ова проширување на позитивната листа е само почеток. Се очекува следното ново проширување на позитивната листа да биде кон крајот на декември. Граѓаните конечно добиваат посовремени и поевтини лекови на рецепт и тоа на товар на државата, наместо истите да ги купуваат од сопствените џебови прескапо, а често и од соседните земји. Ова е значително олеснување за сите пациенти, вкупно еден милион евра со проширување на позитивната листа ќе остануваат кај граѓаните“, завршуваат од Влада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK