Од БРАКО излезе првата генерација Техничари за производно машинство обучена по германски стандарди

Dualno obrazovanie BRAKO 4
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првите техничари образувани во БРАКО по германски модел на практична настава го положија испитот и добија Сертификат со кој се потврдува дека завршениот средношколец има стекнато клучни стручни компетенции од соодветниот германски образовен профил.


Во БРАКО се спроведува учење преку работа во рамките на програмата за „Дуално образование“, на ученици од ССОУ „Коле Неделковски“ од Велес, преку која Делегацијата на германското стопанство овозможи во Македонија да се воведат елементи од германскиот модел на дуално стручно образование, според стандардите на Асоцијацијата на германските комори за индустрија и трговија.

„Изборот за учење преку работа е позитивен тренд затоа што учениците по стекнатите вештини се вклучуваат во производствените технолошки процеси од чија што област стекнале не само теоретски туку и практични вештини “- вели Олгица Минова ,сертифициран ментор за Дуално образование во БРАКО и член на комисијата за полагање теоретски и практичен испит за струката Техничари за производно машинство.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK