Кога станува збор за интересите на граѓаните, особено во делот на јавна чистота, комунална хигиена и јавни претпријатија, сите одлуки сме ги поддржувале бидејќи сме тука за да излеземе во пресрет на граѓаните и да овозможиме подобар живот за оние кои што ги користат јавните услуги во градот Скопје, рекоа координаторите на советничките групи на Град Скопје на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
„Очекувам дека до советниците на оваа координативна средба ќе биде предложен определен совет што како план треба понатаму да се изгласа. Ние остануваме конструктивни и во делот на прифаќање на предлози, давање на определени наши сугестии и за тоа како може да се подобрат состојбите исто така како што во претходните две години сме одлучувале, сме давале свои ставови и размислувања во предлог одлуки кои што биле давани од страна на градоначалничката Арсовска зошто сме ги гласале и поддржувале, но исто така сме имале и став зошто некои одлуки не сме ги поддржале“, посочува координаторот на советничката група на Град Скопје и додава:
„Јас правев една споредба, в0 2021 година кога Советот го изгласа буџетот на град Скопје за 2022 година, паралелено на тоа се изгласале и сите програми. Тогаш во 2023 година, дел од програмите не се гласаат, а во оваа година имаме гласано само неколку програми, не се изгласани програмите за јавен превоз, локален превоз на патници, не се изгласани ниту дел на активности во јавната чистота, паркови и зеленило, генерално јавните претпријатија треба да работат врз основа на изгласани програми од страна на Советот. За жал иако сме имале определени забелешки, не сме сакале да бидеме кочничари на процесот, сме давале позитивно мислење и позитивна одлука за определени програми, но програмите за фукционирањето на јавните претпријатија не добија доволен број на гласови односно нема мнозинство од Советот на градот Скопје за да бидат изгласани.
Мартин Стојановски, координатор на советничката група на Град Скопје вели дека денеска се свикани како координатори на советничките групи од страна на градоначалничката Арсовска во врска со разгледување на предлозите за проектите кои она ќе ги понуди и програмите особено за решенија за комунална хигиена, но и за неколку останати претпријатија.
„Жалам што очекувавме да имаме седница, но видовте дека имаме една затворена координација која по мене требаше да биде јавна, но со големо жалење кажувам дека ќе биде затворена.Се надевам дека во иднина ваквите координации ќе бидат отворени за јавноста за граѓаните да имаат можност да видат за што точно се работи, да ги слушнат аргументите и на советничките групи и на градоначалничката секако од другата страна“, вели тој и додава:
„Се надевам дека ќе бидат прифатени понудените одлуки доколу бидат издржани затоа што навистина како советници, не само ние, гледате дека градоначалничката која тврди дека програмите не и се изгласани, се изгласани, за тие што се изгласани се изгласани со мнозинство, за тие што не се изгласани како за новите автобуси, проаѓаат само со 6-7 гласа и значи дека не само советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата туку и останатите советнички групи не ги гласаат, изјави Мартин Стојановски, координатор на советничката група на Град Скопје.