Обвинителството ја доби обдукцијата за убиените Вања и Панче, наодите остануваат тајна за јавноста

ЛДП-Ден-на-огромна-тага-бараме-доживотна-казна-за-убијците.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повеќе од половина месец, Јавното обвинителство извести дека ги добило наодите од обдукциите на 14 – годишната Вања Ѓорчевска и 74 – годишниот Пачне Жежовски.



Наодите, и покрај големиот интерес остануваат тајна за јавноста, во интерес на истрагата. Од Обвинителството велат дека некои делови од извештајот ќе бидат споделени со јавноста во моментот кога тоа ќе биде можно.

За двојното убиство првоосомничен е Љупчо Палевски, кој е во притвор во Труција. Во затворото во Шутка, пак, притворени се соизвршителите Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видоески, а со нив се и таткото на Вања, Александар Ѓорчевски осомничен дека помогнал во грабнувањето и Стефан Димковски кој го возел Палевски од Србија до Турција осомничен за помагање сторител во извршено кривично дело.

Полицијата ги најде телата на убиените 3 декември. Вања Ѓорчевска беше најдена во близина на Скопје по исказите на осомничените, а Панче Жежовски во близина на Велес.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK