Обвинителството и Ревизија ја зајакнуваат соработката: фокус на отчетност и јавни средства


20260409_183419-1536x1152-1.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Ненад Савески денеска оствари работен состанок со тим на Државниот завод за ревизија предводен од Главниот државен ревизор, Максим Ацевски и Заменик-главниот државен ревизор, Орхан Адеми.


На состанокот беше изразено задоволство од досегашната меѓуинституционална соработка, а се разговараше и за нејзино продолжување и продлабочување со посебен акцент на унапредување на координацијата и размената на информации помеѓу Државниот завод за ревизија и Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Во фокусот на дискусијата беше и реализацијата на заеднички активности насочени кон уште поефикасно постапување по состојбите утврдени во ревизорските извештаи, како и зајакнување на владеењето на правото, отчетноста и транспарентноста во управувањето со јавните средства, како и потребата од дополнителна координација со надлежните институции, како Министерството за внатрешни работи и Управата за финансиска полиција, во насока на обезбедување соодветен одговор и постапување од страна на надлежните органи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK