­

Објавена „Час по незадолжителна лектира“ од Мојсова-Чепишевска – прва книга за македонскиот роман во 21. век 


VESNA-MOJSOVA-CEPISEVSKA-CAS-PO-NEZADOLZITELNA-LITERATURA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Неодамна, книгоиздавателството „Матица македонска“ ја објави книгата „Час по незадолжителна лектира“ од универзитетската професорка Весна Мојсова-Чепишевска. Станува збор за прва книга з македонскиот роман во 21. век и за издание со иновативна структура што е прво од ваков формат објавено кај нас. Претходно, во оддена монографска публикација претставени беа критичките согледби за македонскиот роман само до 2000 година, со книга на Христо Георгиевски, додека Мојсова-Чепишевска целосно се осврнува на романи создани во периодот потоа, дминантно во периодот од 2020 до 2023 година, со што оваа книга веќе има и книжевноисториско значење.

„Час по незадлжителна лектира“ на Мојсова-Чепишевска не претставува класичен критички преглед, туку е книга што е вредносна вертикала на македонскиот роман во втората и третата деценија на 21. Век. Притоа, покрај тоа што  се микроисчитани клучни романи објавени во овој период, остварена е критичка опсервација и воопшто на твоештвото на македонските романсиери со активен опус што е од есенцијално значење за македонската книжевна продукција последните години. Критички се опфатени романи на: Оливера Николова, Божин Павловски, Паскал Гилевски, Блаже Миневски, Венко Андоновски, Томислав Османли, Лидија Димковска, Калина Малеска, Петар Андоновски, Фросина Пармаковска, Живко Грозданоски и Дијана Петрова, а во дел од книгата, Мојсова-Чепишевска се осврнува и на дело од Влада Урошевиќ. Забележливо, меѓу опфатените романи, повеќето се добитници на престижни признанија – „Роман на годината“ и/или наградата „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија, при што критичките осврти на Мојсова-Чепишевска датираат од периоди пред наградувањето, при што во голем дел претставуваат и први напишани, односно објавени критики за конкретните прозни остварувања.


Иновативната структура на новата книга на Мојсова-Чепишевска со поднаслов „Дневнички записи за исчитани романи“ е во духот на современите дневници на прочитани книги, а таквиот формат, авторката го користи за современиот македонски роман и да се доближи до поширокиот читателски аудиториум. Дополнително, преку таквиот формат се популаризираат и вредности од другите форми на уметнички израз од современата македонска култура, вклучително и музиката и филмот. Со тоа, не само што во оваа книга се одразуваат познавањавања на Мојсова-Чепишевска за другите форми на уметнички израз во нашето современие, туку книгата има и додадена вредност за севкупната македонска култура, поттикнувајќи и интеракција со читателот. Во функција на интеракцијата, во книгата, Мојсова-Чепишевска ги користи и придобивките од новите технологии, вклучително и QR-кодовите.

Оваа книга е резултат и на тоа што континуирано, Мојсова-Чепишевска се издвојува како книжевен критичар и со својата постојана посветеност на современиот македонски роман на XXI век. Во изданието, веќе се согледуваат и новите трендови, поетики и севкупни тенденции (влучително и промена на формата и дискурсот) во македонскиот роман, со што книгата е сериозен влог за македонската книжевна историја.

„Час по незадолжителна лектира“ веќе е достапна во книжарниците на „Матица македонска“, вклучително и е-книжарницата. Во четврток, 17 април ќе се случи промоција на книгата во Штип, додека централниот промотивен настан ќе се одржи во рамките на Саемот на книгата, следниот месец во Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK