Нови пожари од попладнево: гори на Галичица, кај Берово, кај Крива Паланка и кај Кичево

1-16.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека попладнево започнале нови шумски пожари.

– Ресен и Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа, попладнево дејствуваа ( 1Х –МВР на ресенска страна) (3 ЕТ –ДЗС и Германија на охридска страна) (120 лица вкупно: ДЗС, ТППЕ, НП, Планинска спасителна служба, доброволци и други лица) (гори нискостеблеста вегетација и букова шума);

– Кичево: село Цер, планина Лубин (ТППЕ) (гори мешана шума) – нов пожар

– Берово: м.в.Клепало над браната Ратевска Река (10 ТППЕ) (гори борова шума) – нов пожар предизвикан од удар од гром

– Крива Паланка: село Луке, м.в. Чупино Брдо (3 ТППЕ) (гори мешана шума) – нов пожар предизвикан од гром.

Пожарот е проширен и на територија на Србија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK