Нова цена на горивата, бензинот поевтинува, дизелот поскапува

Нова-цена-на-горивата-бензинот-поевтинува-дизелот-поскапува.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25% во однос на одлуката од 12.10.2023 година.


Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,542%, кај дизелот за 2,136%, кај екстра лесното масло за 2,331% и кај мазутот зголемувањето е за 1,312%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,334%

Од 17.10.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 80,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 82,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 82,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 81,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,349 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 1,00 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,262 ден/кг и сега ќе изнесува 45,349 ден/кг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK