Нов земјотрес ја стресе Македонија

Нов-земјотрес-ја-стресе-Македонија.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Земјотресот се случил во 18 часот и 30 минути, а епицентарот на земјотресот е регистриран во Националниот парк Галичица помеѓу Преспанско и Охридско езеро.


Серија земјотреси кои потекнуваат од епицентралното подрачје Преспа, од кои три се почувствувани од страна на граѓаните, регистрирааше во изминатото деноноќие Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Првиот земјотрес бил регистриран во 00:32 часот, со епицентар 120 километри јужно од Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML3.8 и интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.

Вториот земјотрес е регистриран во 1:31 часот, со епицентар 124 километри југозападно од Скопје. Земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML3.3, а со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.

Третиот земjотрес е во 1:33 часот, со епицентар 123 километри југозапдно од Скопје. Тој бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.4 и интензитет од два – три степени според Европската макросеизмичка скала.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK