Ниту едно дипломатско претставништво нема инструкции да доставува ноти до земјите на акредитација, велат од МНР

Амбасадорот од Јапонија не е повлечен оти сексуално вознемирувал колешки, уверува МНР
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во врска со испратената нота до италијанското МНР, Министерството за надворешни работи информира дека ниту едно дипломатско – конзуларно претставништво на Република Северна Македонија нема добиено инструкција да доставува ноти за предметната тема до земјите на акредитација.


По добиените сознанија за испратената нота до италијанското МНР, истата по дипломатски пат веднаш е отповикана, уште пред стапување во сила на наведениот рок за важноста на пасошите и со тоа, не предизвика никакви импликации, информираат од МНР за „Макфакс“.

Министерството веќе спроведува интерна постапка за утврдување на одговорност за расчистување на случајот, децидни се од оваа институција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK