­

Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, уверува ВМРО-ДПМНЕ


Обединетата-македонска-дијаспора-повика-на-обединување-на-македонскиот-народ-преку.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ниту било разговарано за промена на химната, ниту во иднина ќе се разговара, граѓаните да бидат спокојни, велат од ВМРО-ДПМНЕ.


„ДУИ матрицата на етнизирање на сите важни прашања, и СДС пинг понг политиката треба да престане. Ниту некогаш било разговарано за промена на химната, ниту пак во иднина ќе се разговара. Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина“, велат од владејачката партија.

Министерот за здравство и еден од лидерите на коалицијата „Влен“, Арбен Таравари, претходно изјави дека е подготвен не само за грбот туку во пакет да се разговара за менување и на химната и на 20 отсто Албанци, но и за други нерешени етнички прашања. Неговиот став е дека во пакет треба да се решат овие прашања што останале нерешени во последните 30 години за да може да се посветиме на економијата, антикорупцијата и на евроинтеграциите. Изјавата СДСМ ја опиша како шокантна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK