Николовски од Брисел: Посветено работиме на задолженијата низ поглавјата, сигурно чекорејќи кон поставената цел, членство во Евопската Унија до 2030 година

Николовски-од-Брисел-Посветено-работиме-на-задолженијата-низ-поглавјата-сигурно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во Брисел започна билатералниот скриниг за Поглавје 11, „Земјоделство и рурален развој“, дел од Кластерот 5, „Ресурси, земјоделство и кохезија“. Поглавјето 11 опфаќа поголем број на обврзувачки правила неопходни за функционирање на заедничката земјоделска политика.


Пред експертите на Европската Комисија од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој како и Дирекцијата за добрососедство и проширување, министерот Николовски го презентираше напредокот во преговарачкиот процес, нагласувајќи ја благодарноста до Европската Комисија за зглемената ИПАРД поддршка преку која се помага развојот на македонското зејоделство и руралниот развој.

„Благодарен сум што нашиот успех со реализацијата на ИПАРД 2 програмата беше позитивно оценет од страна на Европската Комисија, која одлучи за 62% да ја зголеми европската поддршка со новата ИПАРД 3 програма. Па така во новата ИПАРД 3 програма Северна Македонија на располагање има 97 милиони евра европски средства наменети за модернизација на македонското земјоделство. Дадената доверба од страна на Европската Комисија, за нас е обврска истата да ја оправдаме, креирајќи нова успешна ИПАРД приказна“, истакна министерот Николовски.

Николовски нагласи дека Република Северна Македонија посветено и одговорно работи во остварување на задолженијата низ поглавјата во пристапните преговори, чекорејќи кон поставената цел, полноправно членство во Европската Унија. Во таа насока, како министерство, овој период работиме на повеќе проекти со цел усогласување на трите области земјоделство, шумарство и водостопанство, со регулативите на Европската Унија.

Заменик главниот преговарач со ЕУ и државна секретарка во Секретаријатот за европски прашања (СЕП), Дрита Абдиу Халили во своето обрќање нагласи дека Северна Македонија е лидер во регионот што се однесува до искористувањето на фондовите од ИПАРД програмата.

Секоја мерка и политика која министерството ја креира, овие години, била донесена во директна координација со земјоделците, преку постојаните подсекторски групи на министерството. Вака креираните мерки секогаш давале позитивни резултати.

Утре и задутре продолжува билатералниот скрининг за Поглавје 11, на кој ќе се презентира каков напредок имаме постигнато и што правиме за зајакнување на земјоделскиот пазар во нашата држава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK