Николовски на средбата со СБ: Посветени сме на испорачување највисок степен на квалитет во имплементација на стратешките проекти за олеснување и забрзување на трговијата

1.DSC09163.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Подобрување на условите за водење бизнис преку испорачување на највисок степен на квалитет во имплементација на клучните проекти што ги спроведува Царинската управа со финансиски средства од Светска банка. Ова беше клучната порака на директорот Бобан Николовски на денешниот состанок со тимот на Мисијата на Светска банка за Проектот за олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан.


На состанокот беше истакнато дека имплементацијата на новиот систем за видео надзор и препознавање на регистарски таблички што треба да придонесе за сузбивање на криминалот и олеснување на легалната трговија е во завршна фаза и наскоро ќе биде ставен во функција. Воедно интензивно се работи на проектите за реконструкција и надградба на граничните премини Деве Баир и Ќафасан.

„Царинската управа под мое раководство ќе биде посветена на начин што проектите ќе се имплементираат со највисок степен на квалитет, при што пред спроведување на истите ќе се пристапува кон целосна анализа се со цел истите да резултираат со испорачување на ветените и очекуваните резултати“, вели Николовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK