Николовски и Оздемир на првиот академски час на Факултетот за земјоделски науки и храна: германско аташе за земјоделство ќе ги координира процесите

Николовски-и-Оздемир-на-првиот-академски-час-на-Факултетот-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во рамките на посетата на делегација од германското министерство за храна и земјоделство и амбасадата на Сојузна Република Германија во Северна Македонија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, заедно со Сојузниот министер за земјоделство и храна на Германија, Џем Оздемир и германската амбасадорка Петра Дрекслер, учествуваа на првиот академски час, за студентите од Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје.


„Развојот на земјоделството почнува токму од тука, од образовните институции. Овде се градат идните земјоделски инженери кои ќе ја имаат клучната улога во развојот на земјоделскиот сектор. Денеска на сите вас, кои ја започнувате вашата кариера, сакам да ви кажам дека се гордеам со сите вас млади луѓе кои сте одбрале да изучувате земјоделски науки. Со вашиот избор на земјоделските науки, вие придонесувате и кон развојот на државата, бидејќи најразвиените земји имаат силен земјоделски сектор“ потенцираше Николовски.

Сојузниот министер за земјоделство и храна на Германија, Џем Оздемир, ги поздрави студентите, им посака успешна академска година и ја претстави европската перспектива на агросекторот во земјава, по примерот на европските држави каде земјоделскиот сектор е еден од најзначајните и најпочитуваните.

„Младите се иднината на секоја држава и затоа ги поздравувам вашите политики за поддршка на студентите со стипендии и вклучувањето на студентите во работењето на министерството преку практиканство. Ја поддржувам и вашата одлична соработка помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Факултетот за земјоделски науки и хана. Нашите факултети се отворени за соработка и размена на студенти, на патот на нивната едукација во областа на секторот за производство на храна, дигитализацијата и иновациите. Воедно сакам да потенцирам дека германскиот аташе за земјоделство ќе биде овде нашиот претставник кој ќе ги координира сите процеси, за брза и ефикасна комуникација, за сите барања и за целокупната поддршка која ви е потребна и која ние со задоволство ќе ја насочиме кон јакнење на науката, младите и агросекторот во целина“ потенцираше Оздемир.

Делегацијата од Сојузна Република Германија оствари средба со повеќе од 30 декани и продекани на македонските факултети и факултетите од соседните земји. На средбата се потенцираа можностите за развој кога научните достигнувања се споделуваат и интегрираат во науката и образованието.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK