Николоски: Ветивме дека ДУИ ќе оди во опозиција и тоа ќе се случи во недела, нема да дозволиме и Бугарија да ја уценува Македонија затоа што ако големите ЕУ членки сакаат проширување ќе го решат прашањето со Бугарија, ама тие не сакаат

nikoloski_767667766767
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ние во кампањата имавме едно клучно ветување и една политичка заложба. Клучното ветување беше дека ДУИ ќе оди во опозиција и во недела ДУИ ќе оди во опозиција, нешто што 20 години било мисловна именка сега станува реалност. Политичката заложба беше дека никогаш нема да дозволиме Бугарија да ја уценува Македонија и дека нема да дозволиме уставни измени под бугарски диктат, рече Александар Николоски, пратеник и член на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе биде и иден вицепремиер и министер за транспорт на вечерашното гостување во емисијата Топ тема што се емитува на телевизија Телма.

Николоски укажа дека факт е дека за Македонија друга алтернатива освен евроинтеграција нема и факт дека тоа е двонасочна улица.


„Јас стојам на тоа што сум го зборувал дека доколку најголемите земји членки на ЕУ сакаат, тука не спаѓа Германија, Германија сака Македонија да почне преговори, проблемот со Бугарија ќе го решат за едно претпладне или едно попладне“, изјави Николоски.

Николоски додаде „ние немаме проблем со најсилната, туку со најслабата државата, или втората најслаба членка на ЕУ.

„Значи никој не може да ме убеди дека не можат тоа да го решат, да го решат спорот со Бугарија ако сакаат проширување. Тие не сакаат проширување затоа не го решаваат“, заклучи Николоски.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK