Николоски: Приоритет број еден на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде справување со корупција и криминал кои сега со СДСМ и ДУИ цветаат

Aleksandar Nikoloski_534535345453
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Не можам да се согласам со една теза што се сака да се протне, а тоа е дека сите сме исти. Не сме сите исти. Нас измените на КЗ не најдоа затечени и не знаевме дека таква работа ќе се случи, а очигледно некои други добро знаеле, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ што се емитува на телевизија 24.

Николоски посочи дека измените на Казнениот закон не ги изненади само СДСМ и ДУИ.


„Почнаа да паѓаат дела или има преквалификација на дела, како на пример случаите со поранешните генерални секретари на Владата, Мухамед Зекири и Драги Рашковски, а има и неказнивост веќе за некои предмети, на пример првиот состав на Владата на Зоран Заев. Има застареност на потенцијални казнени дела и некои застаруваат како она на поранешниот директор на директорот на ЕЛЕМ, Васко Ковачевски кој бараше 250 илјади евра мито за тој случај не може да одговара“, рече Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ објасни дека тоа што го стори СДСМ, а и ДУИ да има неказнивост на сторени кривични дела никому не му паднало на памет дека е можно.

„Ни на крај памет не ни падна дека на власта ќе и текне да носи закон што значи неказнивост. Ова не е случајна работа, каде една страна на брза лента ги пуштија измените, а од друга страна ја кочат експертската комисија предводена од експерти која треба да подготви нов казнен законик. И тука е јасно дека им е потребно да остане еден ваков закон определен период во кој ќе важи овој казнен законик и да се завршат работите. Или  да остане овој актуелниот КЗ да се заврши тоа што треба да се заврши, а потоа да се донесе нов нормален казнен законик“, рече Николоски.

Николоски заклучи дека приоритет на новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде владеење на правото. Тој посочи како ќе се справи новата влада со неказнивоста.

„Според мене и според партијата тоа ќе биде приоритет број еден. Проблем број еден е корупцијата и криминалот. Нема институција каде нема некорумпирани од најниско до највисоко ниво и никој не одговара, поради неказнивоста цвета криминалот и корупцијата“, кажа Николоски.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK