Николоски: Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија од Охрид до Милано


654201425_1494647398683748_8479084155890967203_n.webp.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од денеска граѓаните ќе можат директно да летаат од охридскиот аеродром до Братислава, а веќе од 29 март од Охрид до Милано. Овие авиолинии значат нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата, напиша на својот фејсбук профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.


„Од денеска 17 Март, граѓаните директно можат да летаат од аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид до Братислава. Веќе од 29 март воведуваме уште една линија од охридскиот аеродром директно до Милано. Овие авиолинии значи нови туристи во Охрид и повеќе можности за зајакнување на економијата.

Развојот на авиосообраќајот претставува еден од врвните приоритети на Владата и Министерството за транспорт. Преку конкретни политики и мерки, континуирано работиме на унапредување на цивилниот авиосообраќај со што овозможивме значително проширување на мрежата на дестинации.
Остануваме силно посветена на унапредување на авиосообраќајот заради развојот и поврзување на Македонија со големите центри“, објави вицепремиерот Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK