Николоски на средба со евроамбасадорот Рокас: Планот за брза пруга на Коридор 10 е реален и е од стратешко значење

IMG-0c993a8f3bfb258563d1aa38cd545170-V.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со заменик министерката Калтрина Зеколи Шаќири и директорот на ЈП Железница Инфраструктура, Синиша Ивановски, вчера остварија работна средба со новоименуваниот амбасадор на ЕУ, Михаилис Рокас.


На средбата министерот Николоски го запозна евроамбасадорот Рокас со владината програма во делот на инфраструктурните проекти, потенцирајќи ја важноста за развој на патната и железничката инфраструктура со посебен фокус на изградба на брза пруга на Коридор 10.

Министерот Николоски истакна дека планот за брза пруга на Коридор 10 е реален и е од стратешко значење за Македонија, за земјите од регионот и за Европската Унија.

На средбата, министерот ја истакна силната посветеност на Владата во однос на просецот на евроинтеграција на земјата, додавајќи дека министерството за транспорт активно работи на усогласување на транспортната политика со регулативите на Европската унија.

“Очекуваме добра и кооперативна соработка со Делегацијата на ЕУ како и досега. Му посакувам добредојде на новиот амбасадор Рокас и се надевам дека во континуитет заеднички ќе ги реализираме зацртаните политики и проекти. Унијата е наш долгогодишен стратешки партнер и силен поддржувач како во пристапниот процес, така и во делот на финансиска поддршка на капитални проекти за што полагаме огромна благодарност” -истакна Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK