Николоски: Ќе направиме се во текот на првиот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ градот Кавадарци да има обиколница

nikoloski-kavadarci-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Денес разговараме за еден голем капитален проект кој треба да го забрза развојот не само на Општина Кавадарци туку на целиот Тиквешки регион. Се работи за изградба на обиколница на градот Кавадарци и треба да помогне во подобрување на условите за бизнис, комуникацијата во растеретување на сообраќајот кој се случува во моментот низ самиот град а во перспектива да отвори и сериозни можности за развој“, истакна министерот за транспорт Александар Николоски при денешната работна посета на Општина Кавадарци.


Во однос на овој проект министерот Николоски додаде:

„Заеднички се договоривме ЈП за државни патишта да пристапи кон проектирање кое треба да се заврши во најбрз можен рок и исто така се договоривме од буџетот на Република Македонија да се определат средства со цел оваа обиколница да се заврши. Ќе направиме се во текот на овој прв мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ оваа обиколница да се заврши“, посочи Николоски.

Министерот Николоски во однос на новиот закон за урбанизам истакна:

„Во гостување во Сител телевизија јас кажав дека дефинитивно ни треба нов закон за урбанизам и предлагаме еден хетероген состав во кој ќе учествуваат претставници на различни невладини организации кои се засегнати да изработиме целосно нов закон за урбанистичко планирање“, потенцираше министерот Николоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK