Неврологија доби апарат кој открива мултипла склероза пред да се појават симптомите, го побара здружение на пациенти, а го плати обложувалница

Неврологија-доби-апарат-кој-открива-мултипла-склероза-пред-да-се.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На барање на пациентите организирани во Националното здружение за мултипла склероза, Клиниката за неврологија доби апарат за електрофореза кој овозможува рано откривање на болеста. Ана Карајанова-Димитрушева, претседателка на Здружението вели дека се ангажирале да се обезбеди овој апарат оти овозможува рана дијагностика на болеста, што пак може да доведе до ран третман на пациентите и заштита од прогресијата на болеста и настапување на инвалидност.



„Апаратот за електрофореза ќе овозможи брза и ефикасна дијагностика. Во дијагностицирањето човечкиот фактор ќе биде намален и ќе се добиваат поверодостојни резултати. Рано ќе може да се согледа болеста за пациентите да бидат ставени на соодветен третман, а со тоа ќе се овозможи да се заштитат од прогресијата на болеста и настапување на иреверзибилен инвалидитет. Ова е болест на млада, работоспособна популација. Најчесто се дијагностицира на 20 до 40 годишна возраст. Благодарност најмногу треба да упатам до компанијата ‘Моцарт’ која што ги согледа нашите потреби, на лицата со МС и одвои значителна сума средства за набавка на овој апарат за електрофореза“, рече претседателката Карајанова-Димитрушева.

Доктор Васко Алексовски, специјалист по клиничка биохемија, кој ќе работи со апаратот, потврди дека со него рано ќе се дијагностицираат пациентите со мултипласклероза.

„Се работи за нов современ апарат за екелторфореза кој ќе овозможи рано детектирање на олигоклонални траки кои се карактеристични за пациентите со мултиплекс склероза. Тоа е апарат со висока сензитивност, висока специфичност и истиот ќе овозможи рано откривање пред да се појават симптомите кај пациентот.  Со тоа рано дијагностицирање ќе дојде и ран терапевтски третман и намалување на инвалидитетот што е карактеристика за оваа болест“, рече Алексовски.

Апаратот на Клиниката за неврологија, како и три обновени амбуланти, денес свечено го промовираше и министерот за здравство Фатмир Меџити. Со вакви соработки меѓу институциите, здруженијата и компаниите Меџити рече дека се унапредуваат состојбите во здравството.

Новиот апарат на Клиниката го обезбеди обложувалницата „Моцарт“. Ивана Стефановска-Крстевска, специјалист за корпоративни процеси во Моцарт најави дека ќе ја продолжат соработката и со Клиниката и со Националното здружение за мултипла склероза.

„Барањето за овој апарат, морам да напомнам дека ни стигна од претседателката на Здружението за мултипла склероза, госпоѓата Ана. Ни беше големо задоволство што успеавме да го направиме сето ова бидејќи знаеме колку овој апарат е важен за Клиниката, а посебно за сите оние кои се соочуваат со оваа болест. Нашата соработка и со Клиниката и со Здружението продолжува и понатаму како и нашата мисија да се помогне секаде каде што тоа е потребно“, рече Стефановска-Крстевска.

Милтипла склероза е болест од која не се умира, не е генетски детерминирана и не е наследна но може да доведе до инвалидност. Ако навремено се открие или дијагностицира, лекарите велат дека болеста може да се држи под контрола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK