Невремето откорна кров од зграда во Тафталиџе, постои опасност да падне

dozd-bul.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невреме попладнево зафати делови од Скопје, пришто во Тафталиџе силниот ветер откорнал покрив од зграда.


„Од Е-112 добиена пријава дека поради силниот ветер од невремето, откорнат е кров од зграда и постои опасност да падне и да дојде до поголема штета. (Улица Женевска, Тафталиџе- Скопје)“, објави директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Како што додаде, за состојбата информирани се Град Скопје и општина Карпош.

Претходно од УХМР најавија променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално за попладневните часови најавено беше дека процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време, поинтензивни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 23, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK