Пожарот во млекарницата Хит 73 во Камењане, Општина Боговиње е локализиран по речиси два часа гаснење на огнот од страна на пожарникарите.
Според информациите од дежурните во Територијалната противпожарна единица во Тетово, пожарот бил пријавен во 18 часот и 20 минути. На гаснење на пожарот заминале целата смена, како и сите пожарникари кои дошле во ноќната смена од 19 часот.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираа дека на помош стигнале и пожарникари од Гостивар, Скопје и Кавадарци.
– БППЗ на Град Скопје со две возила е стигната на пожарот во Тетово, информираше Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.
Густиот чад од пожарот во млекарницата која се наоѓа на десетина километри од Тетово се забележуваше и во градот, а се чувствува и непријатната миризба.