Нема поскапување на нотарските тарифи, не смее народот да плаќа десет пати повеќе: Филков ја повлекува одлуката на Лога

20170630171643_432781.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Игор Филков информираше дека иницирал постапка за повлекување на одлуката за давање на согласност за десеткратно зголемување на нотарската тарифа, која ја донел неговиот претходник Кренар Лога пред да замине од функцијата.


Според Филков, неговиот претходник преку скриен процес без да ја информира јавноста потпишал одлука со која од 1 септември нотарските услуги ќе се зголемеле за десет пати, но како што рече, ова нема да се случи.

„Како што знаете, пред да замине од функција поранешниот министер за правда Кренер Лога, потпишал одлука со која од 1 септември ќе се овозможеше зголемување на услугите на нотарите за 10 пати. Ова нема да се случи. Затоа ќе ги повлечам измените за новата тарифа. Вака не се работи.
Не смее народот да плаќа нешто 10 пати повеќе, односно не смее да се носат одлуки без да има широка дебата, без да слушнеме што мислат за тоа сите засегнати страни“, исткна Филков.

Таквата одлука, како што појасни била донесена уште во февруари месец, но се чекало да поминат изборите, по што на 6 јуни техничката Влада дала одобрение и новите тарифи биле објавени во „Службен весник“ на 11 јуни.

„За ова никој не ја информирал јавноста ниту преку официјални соопштенија, ниту преку прес-конференција, односно процесот бил скриен. Новите цени треба да важат од 1 септември и тоа нема да се случи“, нагласи Филков.

Според него, за промената на цената мора да има сериозна анализа.

„Мора да има утврдено потреба од сериозно зголемување како што предвидел поранешниот министер, кој од неразбирливи причини терал некоја агенда за поскапувањето. По повлекувањето на одлуката имам намера да отворам дебата и да разговараме што може да се направи, сѐ со цел да не бидат оштетени ниту граѓаните, но ниту нотарите“, рече Филков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK