Негователки и негователи за стари лица бара Црвен крст од Струга

Силувал-и-претепал-82-годишна-жена-уапсен-маж-од-Паланечко.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општинската организација на Црвен крст – Струга распиша конкурс за обука за негуватели/ки за помош и нега на стари лица. На конкурсот, којшто е отворен до 26 август годинава, како што е наведено, можат да се пријават сите заинтересирани невработени жени, кои сакаат да се стекнат со верификуван сертификат за негувателки.


„Кандидатите треба да бидат државјани на Република Македонија, да имаат наполнето 18 години, да поседуваат општа психо-физичка способност за работа, минимум основно образование и да бидат мотивирани за вклученост во серверот за нега во домашни услови, при Општинската организација на Црвен крст – Струга по завршување на обуката“, стои во конкурсот.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на емаил адресата [email protected], на телефонскиот број 070 276-244 или директно во просториите на струшкиот Црвен крст, по што ќе бидат повикани на индивидуално интервју.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK