Недостатокот од 20.000 учебници во Тетово за Јаневска не е реален: Не ги пријавувале оштетените учебници за да ги заштедат родителите

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големо недоразбирање е проблемот со недостаток на учебници во Тетово откако општинските власти јавно се пожалија дека во училиштата недостасуваат 20.000 учебници па родителите фотокопираат за да имаат децата од што да учат. Министерската за образование и наука Весна Јаневска денес пред почетокот на завршната конференција на ИПА проектот „Подобрување на квалитетот на образованието“ уште еден посочи дека Министерството испорачало онолку учебници колку што побарале училиштата кои за да ги заштедат родителите, пак, не ги пријавиле оштетените учебници.


„Жал ми е што морам да кажам, дека ова е едно големо, големо недоразбирање. Министерството за образование и наука во ниеден момент не може да знае колку учебници им требаат на училиштата доколку училиштата тоа не го пријават. Постои електронски систем кој на крајот на годината се вклучува. Ние им праќаме допис, ги информираме училиштата дека го вклучуваме електронскиот систем за тие да пријават зголемен број на ученици или потреба од дополнување на оштетени учебници“, рече министерката Јаневска.

Министерството годинава дало и дополнителен процент учебници кои биле распоредени во училиштата кој бил релативно низок поради законските одредби. Јаневска вината за непријавените оштетени учебници ја гледа во училиштата.

„Ако добро ги следите изјавите на вработените во Општината, претпоставувам одговорни за образование, тие самите велат дека ги штеделе родителите. Законот предвидува ако учебникот е оштетен, родителот треба да исплати сума за обнова на учебник од 10 до 70%, во зависност од оштетувањето. Тие ги штеделе родителите од за мене непознати причини, тие треба да си кажат зошто, и не ги пријавувале оштетените учебници. Но, анализата на Министерството за образование вели дека недостатокот на учебници кои тие го спомнуваат, навистина не е соодветен на реалноста“, рече министерката Јаневска.

Раководителот на секторот за јавни дејности во Општина Тетово, Назми Даути, која кажа дека во училиштата недостасуваат дури 20.000 учебници побара да се најде начин училиштата да се снабдуваат со нови книги барем на секои две години. За него проблем е тоа што директорите на училиштата и наставниците не ги пријавуваат оштетените учебници за не дојдат во конфликт со родителите оти, законски, ако детето оштети учебник родителот треба да го надомести.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK