Поради штета од пожарите во битолско-прилепскиот регион не сообраќаат возови на пругата Скопје-Битола-Скопје.
Од Железници соопштија дека уништени се околу 1.000 прагови и во моментот интензивно се работи на санација на дефектот.
Засега нема информации кога би можело да се очекува пругата повторно да биде ставена во функција, односно да се осособи за безбедно одвивање на железничкиот сообраќај.