Не полевајте бавчи и не полнете базени, апелира скопски „Водовод“ по регистрирана енормна потрошувачка

bazen3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јавното претпријатие „Водовод и канализација – Скопје“ апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата во деновите со екстремно високи температури.


Особено да се избегнува непотребно трошење на водата за полевање на бавчи и ниви, полнење на базени и слично што предизвикува нестабилност во водоснабдувањето во високите зони на градот, како што е на пример Припор и Сопиште каде во текот на последните неколку денови е забележана енормна потрошувачка на вода, која доколку не се рационализира може да доведе и до прекини во водоснабдувањето.

Врз основа на податоците  на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, чие дневно производство достигнува и над 340 000 метри кубни вода што е за 30% зголемување во однос на зимскиот период, апелираме до граѓаните на градот Скопје рационално да ја користат и употребуваат водата за пиење, односно да се избегнува полевање поголеми површини, разладување на дворни површини, улици и непотребно трошење на водата за време на топлите денови.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK