Обединетата македонска дијаспора (ОМД), глобалната организација што го претставува гласот на Македонците насекаде во светот, ги назначи Софи Иванов, д-р Јован Ласковски и Александар Поповски за членови на нејзиниот Глобален борд, наведува организацијата во денешното соопштение.
– Од 2004 година, ОМД е секогаш на првата линија на меѓународното македонско застапување, зачувување на културата и напорите за образование, градејќи гордост на нашето богато културно наследство, поддржувајќи ги Македонците во нивните професионални животи и обезбедувајќи енергична заедница заснована на нашето заедничко потекло без разлика на границите, пишува во соопштението.
Според Арги Н. Белио, претседавач на Бордот, „Софи, Јован и Алекс, сите поранешни добитници на наградата на ОМД македонска дијаспора 40 испод 40 години и долгогодишни членови на ОМД, носат нова разновидна и енергична перспектива во ОМД – со нетрпение очекувам да работам со нив за да ја одведиме организацијата на едно ново повисоко ниво и да обезбедиме Македонците да останат горди на нашите корени, но и да преземат акција и да се вклучат повеќе во македонската кауза.”