НАТО отвори повик за млади професионалци од земјите членки – рокот за аплицирање е до 31 мај


nato-depositphotos_480968296_l
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 

Програмата на НАТО за млади професионалци го објави повикот за привлекување на млади талентирани лица од земјите членки на Алијансата.


Тригодишната програма нуди можност заинтересираните кандидати да ја развијат нивната кариера и да се стекнат со низа искуства во рамки на НАТО. Кандидатите кои ќе бидат избрани ќе бидат распоредени во различни тела на НАТО во периоди од по една година, за вкупно три тела на Алијансата, соопшти Министерството за одбрана.

По завршувањето на тригодишната програма, врз основа на потребите и индивидуалните способности, учесниците можат да бидат назначени на позиција во едно од телата на НАТО каде што претходно работеле за дополнителен период од три години.

Програмата е отворена за аплицирање на млади лица на возраст од 21-32 години со завршени магистерски студии, минимум 1 година работно искуство и активно познавање на еден од двата официјални јазика во рамки на НАТО (англиски или француски)

Рокот за аплицирање е заклучно со 31 мај 2026 година.

Повеќе информации може да добиете на следнава адреса: https://bit.ly/3QNQtz6

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK