Настан на ИДСЦ „Како до независно судство?“

sud-sudenje
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Институт за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје денеска организира настан „Како до независно судство?“, кој ќе се одржи во хотел „Панорамика“, со почеток во 12 часот.

– Целта на настанот е да отвори дискусија за работењето на Судскиот совет и реформите во правосудството. Изминатиот период, Платформата на Граѓански организации за борба против корупција и Блупринт групата за реформи во правосудството во неколку наврати реагираа за работењето на Судскиот совет, велат организаторите.


На настанот ќе обратат Миша Поповиќ, раководител на центарот за добро управување во Институт за демократија, Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права и Дарко Аврамовски од Коалицијата „Сите за правично судење“.

– Настанот е организиран како дел од проектот „Поттикнување на јавната дебата за антикорупција“ кој цели кон поддржување на реформскиот процес во Северна Македонија преку зајакнување на реформската агенда во областа на владеењето на правото, а за остварувањето на оваа цел проектот предвидува соработка и консултација со сите релевантни чинители. Проектот е поддржан од Националниот фонд за демократија, соопштуваат од Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопјe.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK