Наместо актери на сцената кофи, Драмски театар под вода, објави министерот за култура

Screenshot-2024-06-27-213044.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невремето кое го зафати скопскиот регион предизвика штети и во зградата на Драмскиот театар во Скопје.


Министерот за култура Зоран Љутков на социјалните мрежи објави дека дека денеска бил на увид.

„Денес бев во Драмски театар на увид на штетите предизвикани од поплавите од дождот.
Ако во 2017 година Владата на СДСМ го реализираше проектот за изградба на нов современ објект на Драмски како што претходно се планираше, денеска немаше да бидеме сведоци на овој потоп“, пишува Љутков.

Додава дека седум годишната негрижа за Драмскиот театар не само што станала видлива, туку денеска како што вели, дождот го онеспособил да биде храм на уметноста.

„На сцената главната улога од денеска наместо актерите ја имаат кофите.
Оваа Влада нема да дозволи да продолжи понижувањето на уметниците и целосно ќе се вложи на создавањето на достоинствени услови за креативна работа на уметниците“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK