­

Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите


Screenshot_3-4-2025_141611_www.youtube.com_.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со линеарното зголемување од 2500 денари, најниската плата во здравство изнесува нешто над 27.000 денари, соопшти денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тој попладнево прикажа како растела најниската плата во здравството изминативе пет години.


„Во односна најниските плати во здравството, значи платите кои ги добиваат чистач или хигиеничар, во 2020 година сме почнале со нешто помалку од 15.000 денари за во 2022 година да се стигне до 18.000 денари, зборувам за нето бидејќи во нашата јавност подобро се разбира нето отколку бруто износот. Со ова зголемување најниската плата во јавното здравство сега е ншето над 27.000 денари или околу 27.000 денари што ќе биде релативно повисоко  од најниската плата утврдена национално ниво. Мислам дека со ова се трудиме да го вратиме достоинствот на здравствените работници и здравствениот сектор бидејќи нашата земја се уште има релативно ниски плати во однос на платите во јавното здравство во однос на соседните земји“, рече директорот Клековски.

Тој потсети дека линеарното покачување е резултат на соработката на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и синдикатите и најави дека таа соработка ќе продолжи и во следниот период. Ќе настојуваат да се намали бројот на колективни договори по кои се работи во здравството оти сега има вкупно 15 различни колективни договори.

Министерот а здравство Арбен Таравари попладнево кажа дека со линеарното зголемување, просечната плата во јавното здравство изнесува 50.200 денари и најави дека ќе настојуваат да продолжи растот на платите.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK