Најмногу снег во изминатите 24 часа е наврнат во Дебар и Ѓуриште 20 сантиметри. Снег има и во Крушево 17 сантиметри, во Битола и Крива Паланка 14, во Берово и Охрид 12, во Прилеп 10, во Куманово и Штип 5 и во Претор 2 сантиметри, информира утрово Управата за хидрометеоролошки работи.
Најниска температура во земјава изутринава е измерена на Попова Шапка – 10 степени, а максимални четири степени се измерени во Гевгелија.
-Врнежи од дожд имаше во Дебар, каде наврнале 41 литар на метар квадратен, по што следат Маврови Анови со 40, во Битола 27, во Демир Капија 23, во Претор 21, во Охрид и Струмица 20, во Берово 19, во Крушево и Кавадарци 18, во Скопје – Зајчев Рид 15, во Ѓуриште 14, во Прилеп 13, во Куманово и Попова Шапка 12, во Велес 10, во Штип и Гевгелија 9, во Виница 7 и во Охрид и Дојран 5, информира УХМР.