Најладно утрово на Попова Шапка

Popova-Shapka.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утрово најладно е на Попова Шапка каде се измерени -2 степени, -1 се измерени во Маврови Анови и Лазарополе, 1 Крушево, 2 Берово, 3 Дебар, 4 Тетово, Претор, Битола, Прилеп, Куманово, 5 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Велес, Крива Паланка, Охрид, Штип, Виница, 6 Кавадарци, 7 Струмица, 8 Демир Капија, Гевгелија.


Висината на снежната покривка во 7 часот изнесува 40 сантиметри на Попова Шапка, 37 Маврови Анови, 18 Крушево, 5 Лазарополе.

Во текот на ноќта и утрово времето е облачно со повремени локални врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини (Прилеп и Струмица) има појава на слаба магла. Дува слаб ветер од променлив правец. Утринава пороен дожд има во Битола, а врне и во Гевгелија.

Претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 8 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK