Владата ги објави платите на претседателот на Владата и министрите.
Највисока нето плата зема претседателот на Владата Христијан Мицкоски, односно 140.450 денари, односно 2.280 евра. Сите останати министри земаат плата во износ од 115.540 денари или 1.880 евра.
Исклучок е само министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој зема дополнителни 24.865 денари, односно вкупно 140.405 денари.