Најголема гужва утрово има на граничниот премин Табановце


70918598_450449058903058_8702381156546379776_n-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сообраќајот на државните патишта во Македонија денес се одвива без поголеми проблеми, по претежно влажни коловози. Интензитетот на возила е зголемен поради летните одмори, а најголема гужва има на граничниот премин Табановце, каде времето на чекање за влез и за излез од државата изнесува околу дваесет минути. На останатите гранични премини од македонска страна моментално нема подолги задржувања.


Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) препорачува возачите да бидат особено внимателни и да ја прилагодат брзината според условите на патот. Од таму апелираат строго да се почитува поставената сообраќајна сигнализација, а управувањето со возилата да биде внимателно особено на делниците низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои можност од одрони. Како критични се посочуваат патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

АМСМ информира дека нивните екипи постојано ја следат состојбата и апелираат граѓаните навремено да се информираат пред поаѓање на пат, со цел да избегнат непријатности и доцнење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK