„Најголемиот демант на овие овие губитнички соопштенија на преостанатата врхушка на СДС која нема начин како да го напушти „бродот што забрзано тоне“ се реките незадоволни граѓани кои од сите страни на државата дојдоа пред зградата на Владата. Овие над 60.000 незадоволни граѓани предводени од ВМРО-ДПМНЕ дојдоа пред објектот кој стана симбол на криминалот и корупцијата изминатите во 7 години, за да обзнанат дека си ја враќаат Македонија повторно во своите раце после големите победи на претседателските и на парламентарните избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ за посетеноста на големиот народен митинг на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
„За ВМРО-ДПМНЕ отворањето на оваа тема од страна на СДС е најголемата потврда за огромниот страв на политичката врхушка од Бихаќка која како измеќар на ДУИ направија од Македонија држава која тоне, која се забрзано осиромашува, која е ограбена, од која граѓаните бараат начин како да си заминат и која има урнисано национално достоинство и чест.
Нашите информации говорат дека во СДС по вчерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ имало кавга и огромна нервоза. Ние нема да влеземе во глупавата тактика на СДС да броиме луѓе. Во прилог ви испраќаме видео од вчерашниот митинг, каде СДС може да си го троши времето во броење. Тоа не е наш приоритет. Важно е што промените доаѓаат“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.