Над 10.000 граѓани за два дена се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип

korona-kovid-vakcina-vakcinacija.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За два дена над 10.000 граѓани се пријавиле за бесплатна вакцинација против сезонски грип на страницата vakcinacija.mk, соопшти Министерството за здравство.


Со бесплатна вакцинација, како што велат од таму, ќе бидат опфатени следните ризични групи:

– Стари лица (над 65 години)

– Лица со хронични заболувања

– Здравствени работници

– Бремени жени

– Децата на возраст од 6 месеци до 5 години

– Лица сместени во установи за социјална заштита на стари лица и лицата вработени во установи за социјална заштита на стари лица

Според ресорното министерство, вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна мерка за превенција на грип, која спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход особено кај ризичните групи

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK