На Вања и’ било пукано во глава додека клечела на колена, на лената на нејзината уста најдена ДНК – Обвинителството изведе докази во судот

vanja-palevski-foto.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во главата на Вања било пукано од непосредна близина. Пред да биде застрелана таа била жива, а трагите од кал на колената и прстите покажале дека клечела во тие моменти.


Во судот денес од страна на Обвинителството беа изведени материјални докази во процесот за грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања и велешанецот, Панче Жежовски.

Беше посочено дека и Вања и Панче биле усмртени со истрели во главата со куршуми со ист калибар, од 9 милиметри. Еден од доказите се однесува на ленатата која била залепена на устата на девојчето, а која според анализиата утврдила дека на наеа имало траги од ДНК, од кои едната, со голема веројатност одговарала на обвинетиот Велибор Манев, кажа обвинителката.

На претходните неколку рочишта искази даваа сведоци на Обвинителството, по што денес се изведуваа материјалните докази во судницата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK