„На ТОАРИЛУЦ се правеле набавки без план за да профитира раководството од СДС и ДУИ, ја оставиле Клиниката на цедило без основни медицински средства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

87959176_211661536555323_8286106221774110720_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„За СДС и ДУИ здравството било само област од која треба да профитираат поединци. Клиниката ТОАРИЛУЦ или Траума, ортопедија, реанимација и интензивно лекување ја оставиле во хаос“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.



„Прво, контролите од надлежните покажуваат дека се aнгажирале лица со договор на дело незаконски. Или повеќе од 60 лица на почетокот на оваа година биле ангажирани со договор на дело на Клиниката без согласност од Министерството за финансии, односно спротивно на член 9 од Законот за трансформација во редовен работен однос. Казната за лице кое го сторило ова дело е казна затвор од шест месеци до три години.

Второ, Клиниката дополнително се соочува со недостаток на медицински сестри, а раководството не се грижело за тоа.

Трето, раководство на ТОАРИЛУЦ на Клиниката направило финансиски обврски во износ од 840.000 денари и истите не биле во процедура согласно Законот за јавни набавки. Јавните набавки се правени без план за потребите на Клиниката. Оттука е дојдено до целосно исцрпување на договори и оставање на Клиниката без основни медицински средства и опрема.

Ова е само еден од многуте примери на уништување на здравството! Одговорност ќе има за секој еден кој не го почитувал законот!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK